Во контекс на потпишаниот Меморандум за соработка со СЕМОС Едукација, на 26 Април од 13:00-14:30 часот ќе се одржи бесплатен вебинар за членовите на Комората на проценувачи насловен „Креирајте модерен и квалитетен извештај според европски стандарди“. Вебинарот ќе се одвива online и сите заинтересирани ќе можат да се пријават преку кликнување на тастерот „Сакам да присуствувам” и пополнување на основните информации за учесникот.