Историјат

Комората на проценувачи е основана на Седница на проценувачи на ден 29.12.2012 година.

Истата е регистрирана согласно закон за процена и формирана врз основ на одобрение од страна на Министерство за правда.
Првите лиценци беа дадени со заклетва пред надлежниот министер.
Заради промовирање на високи професионални стандарди и за подобвање на квалитетот на услугите од проценувачите, проценувачите се здружуваат во Комора на проценувачи како професионално коморско здружување. Членови на Комората на проценувачи се овластени проценувчи (трговски друштва и трговци поединци регистрирани согласно ЗТД) и проценувачи од кои 224 проценувачи и 114 овластени проценувачи во Регистарот кој го води Комората – Управниот одбор на комората.
Согласно Законот за процена, Органи на Комората се: Собрание на Комората, Управен одбор, Претседател на комората, Надзорен одбор, Комисија за ревизија и Дисциплинска комисија.
Комората има статус на правно лице со јавни овластувања кои се утврдени со Законот за процена , Статутот
на комората и други акти.

Комората ги има следните задачи и цели:

  1. Води регистар на проценувачи и овластени проценувачи
  2. Донесува годишна програма за континуирани обуки за проценувачите, одредува услови, организира и спроведува континуирано професионално образование
  3. Ја следи примената на Меѓународните стандарди за проценување на вредност ИВСЦ и Европските стандарди за проценување на вредност ТЕГОВА
  4. Иницира соработка со професионални комори на проценувачи
  5. Организира стручни симпозиуми од област на проценителството
  6. Иницира измени на законските прописи од област на проценителството
  7. Донесува годишна програма и годишен извештај за работењето на Комората
  1. Почетна
  2. За Комората
  3. Историјат