Стручна литература

Почитувани,

Во насока на постојано вложување во стручно усовршување, Комората на проценувачи изврши превод и печатење на стручна литература, со цел да бидеме во тек со најновите измени и дополни на европските и меѓународните стандарди за процена.

Достапни Ви се следните книги:

  1. Меѓународни стандарди за проценување на вредност 2022 (International Valuation Standards IVS 2022) во издание на Советот на Меѓународни стандарди за проценување на вредност (IVSC)
  2. Европски стандарди за деловно проценување 1-во издание 2020 (European business valuation standards EVBS 2020) во издание на Европската групација на асоцијации на проценувачи (TEGOVA)
  3. Европски стандарди за процена 9-то издание 2020 (European valuation standards EVS 2020) во издание на Европската групација на асоцијации на проценувачи (TEGOVA)
  4. Европски стандарди за проценување постројки, машини и опрема 1-во издание 2022 (European plant, machinery & equipment valuation standards EVS-PME 2022) во издание на Европската групација на асоцијации на проценувачи (TEGOVA)

Имате можност да ги купите книгите секоја поедничено, сите или во пакети согласно Вашите потреби. Цените можете да ги најдете во табелата подолу.

Книгите ќе можете да ги купите со нарачка на маил на Комората contact@komoranaprocenuvaci.mk, со назнака за која книга или пакет се работи (на пр. Книга 1 или Пакет 1).

По нарачката ќе ви биде доставена пресметка за плаќање. Книгите ќе можете да ги подигнете по направеното плаќање.

 

Со почит,

во име на Управниот одбор
на Комората на проценувачи
М-р Валентина Младеновска
Претседател

Сподели на Facebook
  1. Почетна
  2. Информации
  3. Стручна литература