Конференција за стандарди при процена во земјоделие насловена „Проценување во земјоделство во свет што се менува“

Почитувани!

Ве известувам дека заедно со две наши колешки-проценувачи од област на земјоделие

Биљана Василевска и Снежана Костовска, присуствувавме на првата конференција за стандарди во земјоделие, во организација на Европската асоцијација на проценувачи ТЕГОВА , која се одржа на 22.03.2024 година во Лисабон.

Конференцијата се одржа под работен наслов – Проценување во земјоделство во свет што се менува (Клима, геополитика, технологија, пазари)

Искусни колеги и специјалисти од повеќе допирни области насочија кон пошироко, мултидисциплинарно разгледување на нови околности кои отворија многу аспекти за проценувањето во земјоделството во Европските стандарди за вреднување 2025 година, кои за првпат беа откриени во нацрт-форма на оваа конференција.

Следејќи ја интенцијата на Европа кон климатските промени, заштитата на стратешките интереси и технолошката амбиција, нашата Комора на проценувачи активно ги следи Европските новини и текови во нашата професија.

Со почит,

Претседател
М-р Валентина Младеновска

Сподели на Facebook
  1. Почетна
  2. Информации
  3. Конференција за стандарди при процена во земјоделие насловена „Проценување во земјоделство во свет што се менува“