ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО СИТЕ ПРОЦЕНУВАЧИ

Датум и место: 18–20 септември 2025, Хотел „Сириус“, Струмица.

Комората на проценувачи Ве информира дека во наредниот период ќе се одржи тродневно стручно советување,  кое го организира  здружението Iuridica Prima на тема: АКТУЕЛНИ ПРАШАЊА И ПРОБЛЕМИ ВО НАПЛАТАТА НА ПОБАРУВАЊАТА И КАКО ДА СЕ ЗГОЛЕМИ ПРАВНАТА СИГУРНОСТ. Имаме отворена покана и поддршка од нашиот долгогодишен пријател и поддржувач на професијата проценувач – професорот Ангел Ристов до сите проценувачи кои би сакале да земат учество на настанот.

На советувањето учество со свое излагање ќе земат:

✅ Претседателот на Комората на извршители

✅ Претседателот на Комората на стечајни управници

✅ Претседателот на Стручниот совет на Комората на нотари

✅ Судии, адвокати и професори од Правниот факултет

✅ Претставници на Банкарската асоцијација

✅ Претставници од бизнис-фелата

✅ Претседателот на Комората на проценувачи

Во рамки на оваа стручна средба ќе присуствуваат и претставници на најголемите компании во државата, како и претставници од државните институции.

Целта на овој настан, која е дел од долгорочните заложби на Управниот одбор на Комората на проценувачи како и дел од долгорочните цели на проценувачите, е  да отвориме дискусија и да се понудат решенија за дилемите кои се јавуваат во судската и проценителската практика и да укажеме на одредени поими кои се несоодветно применети во пракса поради тоа што се донесени во повеќе закони пред да се донесе Законот за процена како понов Закон. Тука ни е  потребна поддршка за заеднички да се предложат и иницираат законски измени, во Законите во кои моментално постојат колизии или неусогласености на истите одредени поими кои не се усогласени со нашиот Закон за процена .

✨ Овој настан исто така претставува и одлична можност за сите проценувачи, да воспостават можна идна соработка со релевантни фактори во државата кои имаат перманентна потреба од проценителски услуги согласно Законот за процена.

Ги покануваме сите проценувачи кои имаат можност да бидат дел од ова правно советување, би можеле да се пријават преку следниот линк на кој може исто така да се информираат и подетално околу организацијата на настанот: https://www.facebook.com/share/p/1C9tpFnKhW/

Скопје, 09.09.2025 година                                           

Со почит!

Во име на Управниот одбор на Kомората
Претседател
М-р Ѓорѓе Спировски

Сподели на Facebook
  1. Почетна
  2. Информации
  3. ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО СИТЕ ПРОЦЕНУВАЧИ