Почитувани проценувачи,
Ве информираме дека Претседателот на Комората на проценувачи присуствуваше на 88-мата Средба на правници која се одржа во Охрид од 31.10-02.11.2024 година, во организација на Здружението на правници.
Имавме чест како говорници и панелисти да слушнеме професори од Правниот факултет од Скопје, еминентни судии, адвокати, претставници на некои министерства.
На средбата преку тематски групирани панели преку конкретни примери во корелација со законската регулатива се презентираа голем број на проблеми кои се оставени на решавање на судиите, правниците, како и проценувачите.
Од страна на презентерите и панелистите беше потикната активна дисусија која е доказ за интересните теми и дилеми.
Комората на проценувачи останува посветена на активна соработка со сите професии со кои и во пракса соработуваме и сме исправени пред заеднички предизвици.
Со почит,
Во име на Управниот одбор
Претседател
Валентина Младеновска