Почитувани,
Ве известуваме дека Управниот одбор на Комората на проценувачи на Р. С. Македонија свикува Годишно собрание што ќе се одржи на ден 06.06.2024 година (четврток) со почеток во 10.00 часот во свечениот амфитеатар на првиот кат на Европски универзитет во Скопје на бул. Климент Охридски бр. 68, Скопје – Центар.
Ги повикуваме сите членови на Комората да присуствуваат на седницата, со цел да учествуваат во носење на одлуките кои не засегаат сите нас кои се занимаваме со оваа професија.
Согласно член 33 став 3 од Законот за процена на Р.С. Македонија, Собранието на Комората се состанува најмалку еднаш годишно и одржува седница ако се присутни најмалку половина од вкупниот број проценувачи. Одлуките ги донесова со мнозинство гласови од присутните проценувачи.
Дневниот ред и материјалите за закажаната седница дополнително ќе бидат поставени на веб страната на Комората во затворениот дел (интранет) во кој имаат пристап само членовите на Комората. Доколку немате направено профил на веб страната за да имате пристап во интранет потребно е да направите регистрација (самите си одредувате корисничко име и лозинка која ќе ја користите).
Со почит,
Во име на Управниот одбор на
Комората на проценувачи
Претседател М-р Валентина Младеновска