Почитувани проценувачи!
Комората на проценувачи останува посветена на унапредувањето на знаењето на проценувачите и давање на можност на сите заинтерсирани колеги и колешки да се стекнат со Сертификатот „РЕВ проценувач“ како највисок признаен европски сертификат од нашата област.
Во таа насока, Комората на проценувачи објавува дека од 01.09.2025 година ќе се спроведуваат следните активности:
- Доделување на сертификатот „РЕВ проценувач“
За условите за стекнување на овој сертификат може да се информирате во следниов документ:
Признавањето на компетентноста се доделува во име на TEGoVA.
Обуката со подготовката за сертифицирање за статус „РЕВ проценувач“ се планира да се одржи во Скопје, во втората половина од месец Септември 2025 година.
За точните термини ќе бидете дополнително известени, по усогласување на термините на предавачите.
- Обновување на сертификатот „РЕВ проценувач“
За уловите за спроведување на постапката за обновување на сертификатот РЕВ Проценувач, може да се информирате во следниов документ:
Обновувањето на признавањето на компетентноста се доделува во име на TEGoVA.
Во врска со финансиските импликации за предвидените активностите може да се информирате во следниов документ:
За роковите кога ќе започнат најавените активности, ќе бидете навремено известени преку е-маил и официјалната веб страница на Комората на проценуавачи. Уплати за трошоците поврзани со процедурата за стекнување и обновување на сертификатот „РЕВ проценувач” се вршат по објавување на огласот од страна на Комората на проценувачи.
Ве повикуваме да ги разгледате условите и процедурите за стекнување на РЕВ Сертификат и за обновување на правото на располагање со РЕВ Сертификат и доколку имате некои прашања да ја контактирате Комората на проценувачи.
Со почит,
Скопје, 12.06.2025 година
Во име на Управниот одбор,
на Комората на проценувачи
Претседател,
М-р Ѓорѓе Спировски



