Почитувани проценувачи,
Комората на проценувачи објавува дека од денот на објавување на ова известување 13.08.2025 година, започнува да тече периодот во кој може да се пријавувате за стекнување на сетрификат „РЕВ Проценувач“
Во прилог се објавени и документите:
- Процедури за поднесување барање и доказ за извршени уплати за аплицирање за обновување на сертификатот „РЕВ Проценувач“ за дополнителни 5 години
- Тарифа – Финансиски односи, применливи за проценувачи, во врска со стекнување/стекнат сертифициран статус REV
Со цел на спроведување на квалитетна обука, бројот на кандидатите е лимитиран на 25 (дваесет и пет) кандидати.
Принципот на селекција на пристигнатите пријави ќе биде „прв дојден прв услужен” под услов кандидатот да ги има доставено сите потребни документи.
Рокот за достава на барањето заедно со потребната документација е до 15.09.2025 година (понеделник) до 24 часот на полноќ.
Подетални информации може да најдете во прилогот Процедури или доколку имате потреба од дополнителни појаснувања, Ве молиме да се обратите на нашите официјални телефони и е-пошти.
Со стекнувањето на сертификатот „РЕВ проценувач“ , проценувачот се здобива со препознатлив знак за квалитет како гаранција дека има високи познавања во примената на Европските стандарди за вреднување (ЕВС) во пракса
Комората на проценувачи ќе продолжи да работи на издигнување на нивото на професијата преку ширење на знаењето со квалитетни обуки и зголемено реноме на проценувачите преку сертифицирање.
Скопје, 13.08.2025 година
Во име на Управниот одбор
на Комората на проценувачи
Претседател,
М-р Ѓорѓе Спировски



