Почитувани проценувачи!
Примарна мисија на ТЕГОВА-Европската група на асоцијации на проценувачи отсекогаш била изготвување и објавување на Европските стандарди за вреднување (ЕВС), но стандардите се исто толку моќни колку и правилата што обврзуваат на нивната примена, па со тоа и професионалците кои ги прифаќаат.
Брендот РЕВ обезбедува директна врска помеѓу компетентноста на поединечниот проценувач со еволуирачките најдобри практики на професијата.
REV е денес во суштината е најсилната алатка што ја имаме.
Сетификатот „РЕВ проценувач“ како највисок признаен европски сертификат дава гаранција дека проценувачот е највисоко квалификуван во професијата, има врвни познавања на Европските стандарди за вреднување (ЕВС), како и нивната примена во пракса.
Комората на проценувачи објавува дека ќе започне со процедурата за доделување на сетификатот „РЕВ проценувач“ од 01.09.2024 година.
За да се стекнете со овој сертификат потребно е да ги исполнувате условите кои се наведени во документите :
- Процедури за поднесување Барање и доказ за извршени уплати за упис во Регистарот „РЕВ проценител“ при Комората на проценувачи на РСМ и за првично издавање потврда и печат за стекнат статус „РЕВ проценувач“;
- Тарифа – Финансиски односи, применливи за проценувачи, во врска со стекнување/стекнат сертифициран статус REV
Обуката со подготовката за сертифицирање за статус „РЕВ проценувач“ се планира да се одржи во Скопје, во втората половина од месец Септември 2024 година.
За точните термини ќе бидете дополнително известени, по усогласување на термините на предавчите.
Скопје, 31.07.2024 година
Во име на Управниот одбор
на Комората на проценувачи
Претседател
М-р Валентина Младеновска