ПОКАНА ЗА УЧЕСТВО ВО ОБУКИ ЗА КОНТИНУИРАНО УСОВРШУВАЊЕ

Почитувани,

Комората на проценувачи на РСМ Ве поканува да земете учество во обуките за континуирано усовршување на проценувачи кои ќе се одржат во Скопје во просториите на Стопанска комора на РСМ (ул. Димитрие Чуповски бр. 13, Скопје – до министерство за правда) на ден 13.06.2024 година (четврток) и 14.06.2024 година (петок) со почеток во 10 часот.

Котизацијата за учество на обуките за континуирано усовршување за членовите на Комората изнесува 4.000,00 денари, а за надворешни учесници изнесува 5.000,00 денари.

Рокот за пријавување за учество е до 10.06.2024 година (понеделник). Поради планирање на местата за седење по изминување на рокот пријавите нема да бидат прифатени.

Ве потсетуваме дека присуството на обуките е задолжително и за истите Комората ќе издава Сертификат за посетена континуирана обука со 8 КПУ.

Ве покануваме да ги посетите обуките на кои низ практични примери и дискусии заеднички ќе се обидеме да решиме некои од нашите секојдневни проблеми со кои се среќаваме во работењето.

Воедно, Комората Ве известува дека објавува промоција на стручна литература, односно книгите Меѓународни стандарди за проценување на вредност 2022 (IVSC 2022) и Европски стандарди за процена 2020 (EVS 2020) се нудат по намалена цена со намалување повеќе од 50%. (https://komoranaprocenuvaci.mk/strucna-literatura/)

Преземи покана

 

Скопје, 28.05.2024 година                                           

Со почит!

Во име на Управниот одбор на комората
Претседател М-р Валентина Младеновска

Сподели на Facebook
  1. Почетна
  2. Информации
  3. ПОКАНА ЗА УЧЕСТВО ВО ОБУКИ ЗА КОНТИНУИРАНО УСОВРШУВАЊЕ