Почитувани !
Комората на проценувачи Ве известува дека на ден 24.11.2023 (петок) и на ден 25.11.2023 (сабота) ќе се одржат обуки за континуирано професионално усовршување со кои ќе бидат опфатени сите области на процена и со кои ќе добиете 8 КПУ бодови. Континуираните обуки ќе се одржат во Скопје во Едукативен центар М-Шест.
Линк за пријавување -> https://bit.ly/obuki11-2023 на кој што секој учесник – проценувач ќе треба електронски да го пополни. Ве молиме пријавувањето на линкот и уплатата за котизација да ги извршите најдоцна до 22.11.2023 година.
Цената за котизација за членови на комората изнесува 4.000 денари, а за надворешни лица котизацијата изнесува 5.000 денари.
Со особена чест и задоволство Ве извесуваме дека како предавачи ги имаме:
24.11.2023 (петок) 25.11.2023 (сабота)
Биљана Василевска Д-р Марко Поповиќ дипл.маш.инж. MRICS
Снежана Костовска Ѓоко Туманов
Лиле Ковачевска Славчо Чунгурски
Дејан Гавриловски Розика Деловска
Ве покануваме да ги посетите обуките на кои низ практични примери и дискусија зеднички ќе се обидеме да решиме некои од нашите секојдневни проблеми.
Со почит!
Во име на Управниот одбор на комората
Претседател М-р Валентина Младеновска