Почитувани проценувачи !
Ве известуваме дека на покана на Нотарската комора, претставници од нашата комора ќе присуствуваат на Нотарските денови кои ќе се одржат следниот викенд 14 и 15.10.2023. на тема:
,,Купопродажба на недвижен имот во посебна (скратена) постапка согласно Законот за даноците на имот”
Сматаме дека темата е интересна за нас, проценувачите, и настанот е одлична можност за презентирање на проблемите со кои се соочуваме во пракса при изготвување на проценки во посебна постапка.
Управниот одбор Ве поканува да ги споделите своите искуства при изготвување на проценки во посебна постапка и конкретни проблеми и пречки на кои наидувате при примената.
Исто така доколку имате некој предлог Ве молиме слободно да го споделите со Комората на проценувачи.
маил за контакт: info@komoranaprocenuvaci.mk
Скопје, 06.10.2023 година
Во име на Управниот одбор
на Комората на проценувачи
М-р Валентина Младеновска
Претседател