Нацрт на Предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за процена

Почитувани колеги проценувачи,

Објавен е на ЕНЕР новиот Нацрт на Предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за процена.

На следниот линк може да ги разгледате предложените измени: линк [https://ener.gov.mk/Default.aspx?item=pub_regulation&subitem=view_reg_detail&itemid=112248].

Како Комора, нашата заедничка цел е да обезбедиме донесување на квалитетен и функционален закон кој ќе биде во интерес на сите проценувачи и ќе овозможи унапредување на професијата.

Затоа, Ве повикуваме активно да се вклучите со доставување на свои предлози, коментари и забелешки за подобрување на текстот. Сите предлози испратете ги на официјалната е-пошта на Комората: info@komoranaprocenuvaci.mk.

На овој начин, Комората ќе може да ги сублимира сите пристигнати забелешки и да ги претстави во заедничка форма пред надлежните институции. Секое Ваше мислење е важно и претставува придонес кон заедничката цел.

Да изградиме заедно закон кој ќе обезбеди фер, транспарентни и современи услови за работа на проценувачите.

Ви благодариме однапред за Вашиот ангажман и поддршка.

 

М-р Ѓорѓе Спировски
Претседател на Комора на Проценувачи на РСМ

Сподели на Facebook
  1. Почетна
  2. Информации
  3. Нацрт на Предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за процена