Потпишан меморандум со Семос Едукација

На 9 октомври 2025 година, Комората на проценувачи на Република Северна Македонија и Семос Едукација потпишаа Меморандум за соработка. 

Ова партнерство претставува заедничка визија за унапредување на професијата преку дигитална трансформација, иновации и континуирана едукација. 

Со оваа соработка ќе се реализираат: 
– Заеднички едукативни програми прилагодени за проценувачите 
– Работилници за вештачка интелигенција и дигитални алатки 
– Пристап до современи знаења и најдобри меѓународни практики 
– Поддршка за долгорочен развој и конкурентност на професијата 

Во наредниот период ќе следуваат специјализирани работилници со дигитални алатки и AI, кои ќе придонесат за: 

✅ Зголемена ефикасност и продуктивност 
✅ Побрза изработка на проценки 
✅ Поголема точност и транспарентност 
✅ Заштеда на време и зголемен квалитет

Со комбинирање на експертизата на проценувачите и искуството на Семос Едукација во делот на дигиталната трансформација, поставуваме темели за модерна и во чекор со времето ориентирана проценувачка професија. 

Како дел од оваа соработка, проценувачите ќе имаат право на попуст за сите обуки организирани од Семос Едукација. 
 
Во име на Управниот одбор
Претседател,
м-р Ѓорѓе Спировски

Сподели на Facebook
  1. Почетна
  2. Информации
  3. Потпишан меморандум со Семос Едукација