Почитувани,
Со задоволство Ве известувам дека на 25.04.2024 година со Деканот проф. д-р Предраг Трпески на ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ – СКОПЈЕ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје потпишавме Меморандум за деловно-техничка соработка.
Соработката се планира на повеќе нивоа, од стручна помош во делот на легислативата која ја тангира нашата професија, па се до присуство на еминентни професори на нашите почетни и континуирани обуки.
На потпишувањето присуствуваа и проф. др. Даниела Бојаџиева – раководител на катедрата за економија при Економскиот факултет и проф.др. Александар Костадинов – член на Управниот однор на Комора на проценувачи.
Се надевам дека меморандумот ќе биде почеток на долгогодишна успешна соработка.
М-р Валентина Младеновска,
Претседател