Известување за Меѓународна конференција во Будва – Црна Гора од 24-25 октомври

Почитувани,
Ве известуваме дека Комората на Проценувачи на Република Северна Македонија доби отворена покана од Институтот на Овластени Проценувачи на Црна Гора – ИОПЦГ за учество на Меѓународната конференција на проценувачи, која ќе се одржи на 24 и 25 октомври 2025 година во Хотел „Авала“, Будва – Црна Гора.

Исто така, сакаме да истакнеме дека Претседател на Институтот на овластени проценувачи на Црна Гора е м-р Сања Радовиќ, која е долгогодишен поддржувач на нашата Комора и на професионалниот развој на проценувачите во Република Северна Македонија.

Конференцијата претставува можност за размена на знаења, искуства и новини во проценителската практика, а предавачи ќе бидат:

  • Paulo Barros Trindade, REV, REV-BV – претседател на TEGoVA
  • Krzysztof Grzesik, REV, FRICS – претходен претседател на TEGoVA
  • Patrick Davitt, REV
  • Nino Beraia, PhD, MRICS, REV
  • Daniel Manaţe, REV, MRICS
  • Maurizio d’Amato, PhD, FRICS, REV
  • Silvija Ilišković Balagović, MRICS
  • Prof. dr Dragoljub Janković, OP-K
  • dr Marko Popović, RICS, REV-PM

Комплетната агенда и подетални информации за конференцијата може да  погледнете на следниот линк:
https://iopcg.me/dogadjaj/ii-konferencija-procjenjivaca-procjenjivacka-profesija-izmedu-podataka-odrzivosti-i-povjerenja-proval-2025/

ИОПЦГ одобри 10% попуст за проценувачите што ќе се пријават за он-лајн присуство на конференцијата!

Учеството на оваа меѓународна конференција претставува редок момент за професионален раст и афирмација.

– Ќе имате директен контакт со водечки европски и светски експерти кои ја обликуваат иднината на проценителската професија.
– Ќе дознаете за најновите трендови, методологии и практични решенија, кои ќе ви овозможат да бидете чекор пред предизвиците на пазарот.
– Ќе ја збогатите својата експертиза со инспиративни примери и искуства од различни земји, што ќе може да ги примените во Вашата работа.
– Ќе создадете вредни професионални врски и пријателства со колеги од регионот и Европа, кои во иднина можат да прераснат во соработки и нови можности.
– Ќе бидете дел од настан кој ја зајакнува улогата и кредибилитетот на проценителската професија на меѓународно ниво.

Ова не е само уште една конференција – ова е инвестиција во Вашата кариера, личен и професионален развој и иднина како проценувач.

Комората стои на располагање на сите заинтересирани проценувачи кои би сакале да земат учество на оваа конференција, со можност за координација околу организацијата. Организацијата на патувањето и сместувањето ќе биде во форма на самоорганизирање на пријавените учесници.

Со почит,

Во име на Управниот одбор
Претседател
м-р Ѓорѓе Спировски

Сподели на Facebook
  1. Почетна
  2. Информации
  3. Известување за Меѓународна конференција во Будва – Црна Гора од 24-25 октомври