Ве информираме дека од 14-15.11.2023 година се одржа Меѓународна конференција во Анкара, Турција на која што на покана на Real Estate Development and Management Department of Ankara University и Turkish Appraisers Association (TDUB) претседателот на Комората на проценувачи, Валентина Младеновска, учествуваше со своја презентација на тема Real Estate Activities in Europe.
На конференцијата беа презентирани активностите на нашите колеги во Турција, Русија, Романија, Белорусија, Азербејџан, Узбекистан, Киргистан, Северен Кипар и Туркменистан.
Конференцијата беше можност за размена на искуства во однос на апликативните законите решенија, применливите стандарди за процена, заедничките проблеми, како и можностите за соработка на полето на професионалното усовршување.