Почитувани!
Комора на проценувачи се стекна со право да издава РЕВ сертификати (REV-Recognised European Valuer).
Комората на проценувачи во Мај 2024 ја заврши процедурата и од страна на ТЕГОВА-Европската група на здруженија на проценувачи (TEGOVA-European Group of Valuers’ Associations) ни беше одобрен АМА статус ( AMA-Awarding Member Association).
Моќта на брендот REV е тоа што дозволува носителите на неговата ознака да бидат препознаени од страна на пазарот.
Во суштина, тоа што трите букви REV претставуваат се трите клучни аспекти на професионалецот што прикажува:
- Познавање на Европските стандарди за вреднување и нивна примена
- Континуирана обука во конкретната област
- Етички пристап според заедничка европски рамка
REV е знак за квалитет во проценувањето на недвижностите, што им покажува на меѓународните и локалните клиенти дека проценувачот е квалификуван за висок европски стандард на практика.
Буквите „REV“ им овозможуваат на прекуграничните инвеститори во недвижности да ги идентификуваат локалните проценувачи квалификувани на препознатливо европско ниво. Ова им дава можност и на големите и на малите локални фирми за процена да се приклучат на пазарот за пан-европски инвеститори.
Големо влијание REV има и врз локалните клиенти. Во време на економска несигурност, локалните клиенти бараат професионалци со посебно знаење и искуство кои можат да им помогнат да донесат тешки одлуки за инвестиции и цени. Овде, конкурентската предност за проценувачите со стаутс REV лежи во нивните квалификации, искуство и капацитетот да ги толкуваат влијанијата од глобалното и локалното проценување што произлегува од докажаното познавање на Европските стандарди за вреднување.
Во многу банкарски системи во Европа, комерцијални банки, судови, до критериуми за инвеститори при јавни набавки во ЕУ, се доделуваат дополнителни поени во тендерите според процентот на REV проценувачи кои ги има една компанија за процена.
REV сертификатот го става проценувачот во официјалниот регистар на ниво на ЕУ на веб-страницата на ТЕГОВА.
Бидете препознаени како REV проценувач.
Комората на проценувачи започнува со процедурите за сертификација и доделување на сертификатот REV од септември 2024.
Набргу ќе бидете известени за условите и начинот на стекнување на сертификатот REV.
Со почит,
Во име на Управниот одбор на комората
Претседател М-р Валентина Младеновска