Почитувани проценувачи,
Ве информираме дека е објавен есенскиот број на списанието на ТЕГОВА.
Ова списание на ТЕГОВА излегува 2 пати годишно, на пролет и есен и истото претставува своевиден форум на експертски дискусии со цел информирање на проценувачите за новостите во прописите и праксата во вршење на професијата проценувач.
Во насока на постојано информирање и стручно усовршување на проценувачите, Комората на проценувачи на РСМ го презема и објавува списанието на својата веб страна со цел да овозможи пристап на заинтересираните лица да се запознаат со неговата содржина.
Кон списанието на Тегова бр. 34 публикувано во Октомври 2024 година можете да пристапите на следниот линк.
Членовите на Комората на проценувачи можат кон истото да пристапат и преку Интранет во делот на публикации од Тегова.
Со почит,
Комора на проценувачи на РСМ