Известување за обуки за континуирано професионално усовршување

Почитувани,

Комората на проценувачи на Р.С. Македонија Ве известува дека на ден 20.11.2026 година (петок) ќе се одржат обуки за континуирано професионално усовршување на проценувачи.

Заинтересираните проценувачи потребно е да ја пополнат електронската пријава на следниот Линк за пријава [https://forms.gle/hMZsU1VcfDJu2emh9]

Пријавувањето е задолжително за сите учесници!

Настанот ќе одржи во Хотел Александар Палас- Скопје, а агендата ќе биде дополнително објавена.

Ве замолуваме пријавувањето и уплатата на трошоци за учество да ги извршите најдоцна до 15.11.2026 год.

Котизацијата за учество на обуките за континуирано професионално усовршување за членовите на Комората изнесува 3.000,00 денари, а за надворешни учесници изнесува 4.000,00 денари.

Котизацијата за учество на обуките за континуирано усовршување за членовите на Комората кои поседуваат РЕВ сертификат изнесува 4.000,00 денари, а за надворешни учесници кои поседуваат РЕВ сертификат изнесува 5.000,00 денари. На учесниците кои поседуваат РЕВ сертификат ќе им бидат издадени два сертификати за посетена обука за континуирано професионално усовршување од кои едниот ќе содржи КПУ бодови, а другиот КУП бодови (РЕВ бодови).  

Ве покануваме да ги посетите обуките на кои низ практични примери и дискусии заеднички ќе се обидеме да решиме некои од нашите секојдневни проблеми со кои се соочуваме во работењето.

 

Скопје, 14.10.2026 година                                           

Со почит!

Во име на Управниот одбор на Kомората
Претседател м-р Ѓорѓе Спировски

Сподели на Facebook
  1. Почетна
  2. Информации
  3. Известување за обуки за континуирано професионално усовршување