Почитувани,
Со цел навремено и транспарентно информирање, како и избегнување на несакани постапки при примена на Методологијата за процена на пазарната вредност на недвижен имот, ве известуваме дека е објавена: Одлука за давање на согласност на зоните на населени места на подрачјето на Град Скопје утврдени во Правилникот за унифицирање на цените на градежното и земјоделското земјиште и зоните на населени места на подрачјето на Град Скопје при примената на Методологијата за проценка на пазарната вредност („Службен гласник на Град Скопје“ бр. 5/2026 од 13.05.2026 година).
Согласно објавената Одлука, новите зони и вредности на земјиштето на подрачјето на Град Скопје стапуваат во сила со денот на објавувањето.
Во следниот период, согласно информациите, можно е на официјалната веб-страница на Град Скопје да биде објавена и дигитална услуга/линк поврзан со примената на наведените зони и вредности.
Преземи го Правилникотот за унифицирање на цените на градежното и земјоделското земјиште и зоните на населени места на подрачјето на Град Скопје при примената на Методологијата за проценка на пазарната вредност („Службен гласник на Град Скопје“ бр. 5/2026 од 13.05.2026 година)
Ѓорѓе Спировски
Претседател
Комора на проценувачи на Република Северна Македонија



