Информации од TEGOVA

Почитувани колеги,

Ве информираме за неколку значајни новости од TEGОVA – Европската група на асоцијации на проценувачи:

  1. Семинар „AI on AI: Ethical and Practical Use of Generative AI in Real Estate Appraisal“

TEGОVA, во соработка со Appraisal Institute (USA), им овозможува на своите членови пристап до седумчасовен семинар посветен на етичката и практична примена на генеративната вештачка интелигенција во процена на недвижности.

За членовите на организациите членки на TEGОVA каде е член и Комората на проценувачи, е обезбедена специјална цена од 85 евра за целиот седумчасовен семинар кој може да го проследите преку линкот https://www.appraisalinstitute.org/mlp/tegova-ai-on-ai-season-1

  1. TEGОVA го објави Второто издание на Европските стандарди за процена на бизниси – European Business Valuation Standards (EVS-BV), кое е достапно за преземање преку веб-страницата на TEGОVA.
  2. Објавено е и Првото издание на Европските стандарди за процена на нематеријални средства – European Intangible Asset Valuation Standards (EVS-IA), кое исто така е достапно за преземање преку веб-страницата на TEGОVA.

Ги охрабруваме сите заинтересирани проценувачи да се запознаат со новите изданија на стандардите, како и да ја разгледаат можноста за учество на семинарот за практична и етичка примена на генеративната вештачка интелигенција во процесот на процена со цел за свој личен развој и унапредување на професијата во целост.

Со почит,
Комора на проценувачи

Сподели на Facebook
  1. Почетна
  2. Информации
  3. Информации од TEGOVA