ТЕГОВА ги објави новите ЕВС стандарди 2025 за процена на недвижен имот

Почитувани проценувачи,

Ве информираме дека TEGOVA ги претстави Европските стандарди за проценка 2025 во целосна усогласеност со законодавството на ЕУ, кои што стануваат ефективни на 01.01.2025 година.

Krzysztof Grzesik, претседател на TEGOVA, и Cédric Perrière, претседател на Европскиот одбор за стандарди за проценка, изјавија:

„Длабоките промени предводени од ЕУ од изданието од 2020 година ги објаснуваат многуте нови аспекти на Европските стандарди за проценка 2025 (EVS 2025):

  • EVS 6 – Проценување и енергетска ефикасност сега детално ја поставува методологијата што проценувачот мора да ја следи за да ја одреди пазарната вредност во контекст на законите на ЕУ, кои предвидуваат брза и задолжителна реновација на зградите со најслаби перформанси. Основниот резидуален пристап што е применет е дополнително подобрен преку преглед на резидуалните методи во Дел II – Методологија.
  • Ревидираната Регулатива за капитални барања вклучува одредби за проценка, вклучувајќи нова „вредност на имот“ со „претпазливо конзервативни критериуми за проценка“. Овие одредби се детално разгледани во Европската насока за проценка (EVGN) 2 за Проценка на хипотекарно кредитирање, што е клучен инструмент за комбинирање на пазарната вредност и „вредноста на имотот“ при проценката на хипотекарниот залог.
  • Новата насока (EVGN 4) за Проценка на земјоделски имот ги опфаќа сите аспекти, вклучувајќи климатски промени, технологија и податоци.
  • Дел VI – Проценување и одржливост е подложен на темелна ревизија и проширување за да се земат предвид големите промени кои ги донесе Европскиот зелен договор за земјиштето и зградите.
  • Дел X – Законодавство на Европската унија и проценка на имотот ги опфаќа обемните законодавни активности од последното издание.
  • Минималните образовни барања (Дел IV) се модернизирани, а целата Сина книга е ревидирана со цел да се подобри нејзината употреба како суштинска и едукативна алатка за пракса, која истовремено е разбирлива за клиентите и властите. Важен аспект на овој напор е дополнувањето на многу успешниот EVS извештај за проценка на станбен имот со шаблон-извештаи за деловен простор (EVGN 3.II) и земјоделство (Прилог на EVGN 4).

 

Новите стандарди  ЕВС 2025 веќе се пратени на превод на Македонски јазик и истите ќе бидат испечатени од страна на Комората на проценувачи.

Со почит,

Во име на Управниот одбор
Претседател
Валентина Младеновска

Сподели на Facebook
  1. Почетна
  2. Информации
  3. ТЕГОВА ги објави новите ЕВС стандарди 2025 за процена на недвижен имот