Почитувани проценувачи,
Ве информираме дека делегација на Комората на проценувачи беше присутна на есенската конференција на ТЕГОВА која се одржа во Брисел на 18-19.10.2024 година.
На конференцијата беа презентирани теми кои се актуелни за сите проценувачи во Европа, колку сме далеку од замена на проценувачите со вештачката интелегенција, дали соработката човек-машина е сон или кошмар, се запознавме со проблемите со кои се соочуваат проценувачите во Холандија и во Белгија, како и вечната тема повторното потврдување на улогата на независен, квалификуван проценувач – од законодавство до имплементација.
На годишното собрание ги избравме членовите на новиот состав на Управниот одбор на ТЕГОВА и го избравме новиот претседател на ТЕГОВА , г-нот Paulo Barros Trindade од Португалија.
Повеќе за конференцијата и за годишното собрание може да прочитате на веб страницата на ТЕГОВА: https://tegova.org/
Со почит,
Претседател
М-р Валентина Младеновска