Барање на Информација

Поради проверка и ажурирање на Вашите податоци во регистарот на овластени проценувачи и проценувачи, во согласност со член 23 и 24 од Законот за процена, Ве молиме да  ни ги  доставите:

1) име и презиме, адреса, телефонски број, електронско сандаче за прием на писмена и регистарски број на проценувачот;

2) областа на процена за која е издадена лиценцата;

3) називот и седиштето на друштвото за процена, односно трговец поединец во кое е вработен проценувачот;

како и

4) маил адреси на проценувачите вработени во Вашите друштва.

Вашите податоци, исто така се потребни на Комората на проценувачи за да доставува известувања за тековни настани, обуки, конференции, одржување на собрание и споделување на дополнителни информации кои се од корист за проценувачите, до секој проценувач.

Ве молиме пополнете ја табелата (преземи табела – https://komoranaprocenuvaci.mk/wp-content/uploads/2023/04/tabela-azuriranje-podatoci.xlsx)

Бараните податоци Ве молиме да ги доставите најдоцна до 05.05.2023 година на следните e-mail info@komoranaprocenuvaci.mk и aleksandar.maksimovski@komoranaprocenuvaci.mk

Сподели на Facebook
  1. Почетна
  2. Информации
  3. Барање на Информација