Почитувани проценувачи,
Комората на проценувачи на РСМ Ви најавува организирање на 9-та Меѓународна конференција под наслов:
„Влијанието на геополитичките промени и вооружените конфликти врз процесот на проценување“
Конференцијата на проценувачи како континуирана обука за професионално усовршување ќе се одржи во Охрид во Хотел „Инекс Олгица” од 08.05.2026 год. до 10.05.2026 год.
Заинтересираните проценувачи потребно е да ја пополнат електронската пријава на следниот линк: https://bit.ly/konf-proc-2026. Пријавувањето е задолжително за сите учесници.
Ве замолуваме пријавувањето и уплатата на трошоците за учество да ги извршите најдоцна до 04.05.2026 год.
Цената на котизација за членови на Комората изнесува 7.000 денари, а за лица кои не се членови на Комората изнесува 9.000 денари. Сместувањето на база на полупансион во еднокреветна соба изнесува 6.039 денари од ноќ, а во двокреветна соба сместување на две лица изнесува 8.540 денари од ноќ.
Со особена чест и задоволство Ве известуваме дека со поздравен говор ќе се вклучи и Претседателот на Европската асоцијација на проценувачи ТЕГОВА господин Paulo Barros Trindade.
На конференцијата се поканети и ќе бидат присутни многу други врвни проценувачи и предавачи од земјата и од странство. Агендата на конференцијата ќе биде објавена наскоро.
Темата на конференцијата е инспирирана од актуелните поместувања на пазарите под влијание на вооружените конфликти, геополитичките промени на глобално ниво и брзиот развој на вештачката интелегенција.
Се гледаме во Охрид, 08-10.05.2026 година.
Со почит,
Во име на Управниот одбор на Комората
Претседател Ѓорѓе Спировски



