Најава за 9-тата Меѓународна конференција на проценувачи

Почитувани проценувачи,

Комората на проценувачи на РСМ Ви најавува организирање на 9-тата Меѓународна конференција, која ќе се одржи во Охрид, во хотел „Инекс Олгица“, под наслов:
„Влијанието на геополитичките промени и вооружените конфликти врз процесот на проценување“

Со особена чест и задоволство Ве известуваме дека конференцијата ќе биде отворена и со поздравно обраќање ќе се вклучи и Претседателот на Европската асоцијација на проценувачи – TEGoVA, Paulo Barros Trindade.

На конференцијата се поканети и бројни истакнати проценувачи и предавачи од земјата и од странство, со цел размена на искуства и понатамошно унапредување и етаблирање на професијата проценител на повисоко ниво. Агендата на конференцијата ќе биде објавена наскоро.

Темата на конференцијата произлегува од актуелните пазарни поместувања под влијание на вооружените конфликти, геополитичките промени на глобално ниво, како и брзиот развој на вештачката интелигенција.

Во наредните денови очекувајте повеќе детали за Конференцијата.

 

Се гледаме во Охрид,
08–10.05.2026 година.

Со почит,
Во име на Управниот одбор на Комората

Претседател
М-р Ѓорѓе Спировски

Сподели на Facebook
  1. Почетна
  2. Информации
  3. Најава за 9-тата Меѓународна конференција на проценувачи