Во согласност со член 33 став 4 од Законот за процена (Сл.Весник на Р. Македонија бр.115/10; 158/11; 185/11; 51/12; 64/12; 188/14; 104/15; 153/15; 192/15 и 30/16) и чл. 4 и 6 од Статутот на Комората на проценувачи, на 05.06.2023 год. Претседателот на Комората свикува
Г О Д И Ш Н О С О Б Р А Н И Е
на Комората на проценувачи на Република Северна Македонија
Собранието ќе се одржи на ден 05.06.2023 год (понеделник) со почеток во 11 часот во Скопје, во Хотел Русија, сала за состаноци.
За седницата на Собранието претседателот го предлага следниот
ДНЕВЕН РЕД
Процедурален дел:
- Избор на записничар на Собранието
- Избор на оверувачи на Записникот,
- Избор на бројачи на гласови и
- Избор на работно председателство.
Работен дел:
- Усвојување на Записникот од собранието одржано на 28.10.2022 год.
- Извештај за работа на Комората на проценувачи во 2022 год.
- Усвојување на годишната сметка со Финансиски извештај за работење на Комората на проценувачи за 2022 год.
- Извештај на Комисиите за ревизија и Дисциплинската комисија за 2022 год.
- Предлог програма за работа на Комората за 2023 год.
- Предлог финансиски план за 2023 год.
- Предлог одлука на утврдување на висина на надоместокот за членарина
- Предлог одлука за вработување на правник во Комората на проценувачи
- Разно
Присуството е задолжително.
Скопје, 25.05.2023 година
Комора на проценувачи на Р.Н.М.
Претседател
М-р Валентина Младеновска