Работилница на тема „Улогата на жената во економската трансформација на општеството“

Почитувани, 

На покана на деканот на Економскиот факултет при УКИМ на 27.03.2024 година присуствував на работилница во организација на катедрата за економија на тема „Улогата на жената во економската трансформација на општеството“.

Настанот беше прилика да остварам поблизок контакт со:

  • Проф. д-р Предраг Трпески, Декан на Економскиот факултет – Скопје
  • Проф. д-р Даниела Бојаџиева, Раководител на катедра за економија
  • Проф. д-р Биљана Ангелова – Ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје и со
  • Д-р Анита Ангеловска Бежоска – Гувернер на Народна банка 

На средбата договоривме отпочнување на соработка и со Економскиот факултет, но и со Народната банка поради потребата од нивната стручност и експертиза кои ни се потребни за решавање на повеќе проблеми со кои се соочуваме во секојдневното работење.

Со почит,

Претседател
М-р Валентина Младеновска

Сподели на Facebook
  1. Почетна
  2. Информации
  3. Работилница на тема „Улогата на жената во економската трансформација на општеството“