Известување

Почитувани,

Согласно член 24 став 3 од Законот за процена на РСМ, овластените проценувачи се должни навремено да ја известат Комората на проценувачи на РСМ за секаков вид на промени на податоците кои се запишани во збирниот регистар на Комората.

Според тоа, за секоја промена на вработени проценувачи кај овластениот проценувач (пријави, одјави, заминување во пензија и друго) согласно Законот потребно е да доставите известување до Комората на проценувачи (преземи формулари за упис, измена и бришење).

Комората доставува фактура за членарина согласно последните податоци, официјално добиени од овластениот проценувач.

Ве известуваме дека доколку известувањето за промени во врска со вработените проценувачи кај овластениот проценувач е доставено до Комората по издавање на фактурата за годишна членарина, овластениот проценувач е должен да ја плати издадената фактура. 

 

Со почит,
Управен одбор на Комора на проценувачи на РСМ

Сподели на Facebook
  1. Почетна
  2. Информации
  3. Известување