Оглас за почетна обука од областа НЕДВИЖЕН ИМОТ

Комората на проценувачи на Република Северна Македонија ги повикува сите  заинтересирани кандидати кои ги исполнуваат условите за посетување на почетна обука, да поднесат Барање за посетување на почетна обука од областа НЕДВИЖЕН ИМОТ

Почетната обука за проценувачи се организира за стекнување практични и теоретски знаења и вештини, со цел да се создадат обучени и стручни кандидати за полагање на стручен испит за проценувач. Почетната обука ќе ја спроведе Комората на проценувачи во соработка со Министерството за транспорт на РСМ.

Почетната обука ќе се организира согласно одредбите на член 11 од Законот за процена (‚‚Службен весник на РМ‚‚ број 115/10, 158/11, 185/11, 64/12, 188/14, 104/15, 153/15, 192/15 и 30/16) за кандидати кои ги исполнуваат условите за полагањето на стручниот испит за проценувач утврдени во член 10 од Законот.

Кандидатите кои сакаат да посетуваат почетна обука треба да ги исполнуваат  условите за полагањето на стручниот испит за проценувач, за што доставуваат соодветни докази во прилог на БАРАЊЕТО за слушател на почетна обука за проценувач до Комората.

  1. Барањето, кое исклучиво се поднесува по електронски пат на службените мејлови на Комората (info@komoranaprocenuvaci.mk, contact@komoranaprocenuvaci.mk) задолжително треба да содржи: име и презиме на барателот и точна адреса на живеење, мобилен телефон за контакт, електронска адреса (е-маил).
  2. Во прилог на Барањето се доставуваат:
  • Уверение за државјанство на Република Северна Македонија;
  • копија од лична карта (како доказ дека лицето има живеалиште на територијата на Р.С. Македонија);
  • копија од диплома за завршено високо образование (диплома со завршено четиригодишно високо образование или диплома со 300 кредити според ЕКТС);
  • доказ дека има најмалку пет години работно искуство во соодветна област по денот на дипломирањето и
  • уплатница за уплатени парични средства за посетување на почетна обука, во износ од  30.000 денари

Назив на примачот: Комора на проценувачи на РСМ
Банка на примачот: Комерцијална банка
Сметка на корисникот: 300000003545580
Цел на дознака: посетување на почетна обука од областа недвижен имот

 

Почетната обука ќе се одржи во септември 2026 г. во просториите на Градежен факултет  – Скопје. Сите пријавени кандидати дополнително ќе бидат известени за почетокот (часот) на обуката.

Огласот е објавен на веб-страната на Комората на проценувачи на Република Северна  Македонија, www.komoranaprocenuvaci.mk, на ден 04.08.2026 година.

Рокот за поднесување на барањето до Комората на проценувачи на РСМ е до 31.08.2026 година.

 

КОМОРА НА ПРОЦЕНУВАЧИ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Сподели на Facebook
  1. Почетна
  2. Информации
  3. Оглас за почетна обука од областа НЕДВИЖЕН ИМОТ