Почитувани колеги,
Се повикуваат сите проценувачи кои ги немаат платено заостанатите членарини заклучно со 2022 година да го сторат тоа најдоцна до 31.10.2023 година. Комората на проценувачи на РСМ во повеќе наврати ги потсети со опомена на нивната официјална електронска пошта- емаил адреса, членовите кои не ја извршуваат законската обврска да го измират заостанатиот долг.
Со оглед на тоа дека дел од известените проценувачи не пристапија кон плаќање на заостанатиот долг од неплатени членарина, Ве известуваме дека по изминувањето на дадениот рокот за плаќање, Управниот одбор ќе го извести надлежното Mинистерство да постапи согласно член 29 став 1 алинеа 5 од Законот за процена.
Ве известуваме дека имате обврска сите измени на податоци кои се однесуваат на овластениот проценувач, но и податоците на проценувачите вработени кај овластениот проценувач да ги пријавувате ВЕДНАШ во Комората, во спротивно последиците од ненавремено извесување за промените ќе бидат на Ваш товар (пријави-одјави на вработени, промени на работни места, пензионирање, нововработени проценувачи и друго).
Со почит,
Од Управен Одбор на Комората на проценувачи на Р.С.Македонија