Комората на проценувачи на на Р.С. Македонија на 20 јуни 2023 година во просториите на х. „Русија“ во Скопје, го одржа годишното Собрание на Комората.
Собранието го отвори Претседателот на комората, м-р Валентина Младеновска во своето обраќање ги поздрави присутните лица и го истакна значењето на проценувачите во општеството, а се осврна и на досегашните постигнувања, како и идните предизвици на Комората.
Претседателот искажа благодарност до секој проценувач кој во изминатите 10 години дал свој допринес во работењето на Комората и потенцира дека успехот на Комората е заеднички успех на секој проценувач.
Во изминатиот период, како и периодот претходно поминавме турбулентни моменти, имавме убави, но и тешки моменти, а она што успеавме да го постигнеме е тоа што Комората одржа континуитет во работењето и се етаблира како значаен фактор во општеството од аспект на заштита на професијата проценувач.
Управниот одбор работеше и ќе продолжи да работи првенствено на заштита на професијата проценувач, но и на нејзино унапредување и усовршување, за што се добредојдени да се вклучат сите членови кои на било каков начин можат да допринесат за Комората.
Претседателот во свои име, но и од име на членовите на Управниот одбор искажа посебна благодарност за членовите кои беа присутни на Собранието и дадоа свој придонес со конструктивни идеи и предлози, но и со забелешки и критики кои ќе бидат земени во предвид во понатамошното работење на Комората.