Почитувани колеги,
Комората на проценувачи го одбележа својот јубилеј-10 години постоење, со прослава која се одржа на ден 20.12.2022 во хотелот DoubleTree by Hilton Скопје. На прославата беше прикажано ретроспективно видео како времеполов на активностите на Комората на проценувачи од формирањето до денес. Беа поканети министрите од надлежните министерства, претставници на факултети, институции и здруженија со кои Комората има одлична соработка, како и колеги кои дадоа посебен допринес при формирањето на Комората, изготвувањето на актите и методологиите за процена и учествуваа во организација и професионално спроведување на почетните и континуираните обуки.
Сите изминати активности овозможија Комората на проценувачи успешно да опстојува во изминатите 10 години и да стане рамноправна членка во меѓународните здруженија ТЕГОВА и ИВСЦ.
На прославата беа доделени статуетки на лица и институции кои дадоа особен придонес во формирањето и функционирањето на Комората, како и во развојот и унапредувањето на дејноста проценувач како и благодарници на сите членови на досегашните Управни и Надзорни одбори за несебичното залагање за подобрувањето на квалитетот и услугите од проценувачите.
Ве покануваме да го погледнете видеото од јубилејната прослава и ретроспективното видео-10 години постоење на Комората на проценувачи на КПРСМ.
Со почит,
Управен одбор на КПРСМ