Соработка помеѓу Комората на проценувачи на РМ и Агенцијата за катастар на недвижности (во понатамошниот текст АКН) ќе се реализира преку:
- воспоставување и одржување на базата на процени;
- учество во пилот-проект за масовна проценка на недвижности;
- спроведување обуки од областа на процената, односно масовната проценка на недвижностите;
- доставување податоци кои можат да бидат од значење за работата на Комората и на АКН;
- други активности од заеднички интерес кои произлегуваат од надлежностите на двете институции.
Со цел имплементација на Меморандумот за соработка, АКН ќе ја воспостави и ќе ја одржува базата на процени и ќе обезбеди бесплатен пристап на проценувачите до базата.
Проценувачите се должни во базата на процени да внесуваат податоци од секоја извршена поединечна процена на недвижен имот, односно да ги внесуваат податоците за проценетата вредност на секоја недвижност поединечно.
Агенцијата ќе ги користи податоците од базата на процени во процесот за воспоставување на системот за масовна проценка на недвижностите.
Проценувачите – членови на Комората ќе можат бесплатно да ги користат податоците од базата на процени во процесот на изготвување на своите проценки.