Известување за плаќање чланарина и продолжување Осигурителна полиса

Почитувани колеги проценувачи,

Доколку имате заостанат долг од неплатени фактури за членарина, Ве известуваме истиот да го подмирите најдоцна до 20 февруари 2021 година. 
Исто така, сите овластени проценувачи кои ја немаат продолжено Осигурителната полиса тоа да го сторат во најкус можен рок.

По истекот на овој рок, Управниот одбор на Комората на проценувачи на РСМ ќе постапи согласно член 29 став 1 алинеа 4 и 5 од Законот за процена и ќе го извести соодветното министерство за нивно понатамошно постапување.

Со почит,
Управен одбор на Комората на проценувачи на РСМ

Сподели на Facebook
  1. Почетна
  2. Информации
  3. Известување за плаќање чланарина и продолжување Осигурителна полиса