Комората на проценувачи на РСМ (КПРСМ) и Институтот на овластени ревизори на РМ (ИОРРМ) спроведоа заеднички настан за Континуирано професионално усовршување за овластени ревизори и проценувачи, на тема „Примена на приходната метода во проценките и финансиска анализа“, што се одржа на 16 и 17 јули 2020 година.
Доколку не сте биле во можност да учествувате на настанот, снимката од настанот (што се состои од три последователни видеа) ќе може да ја проследите он-лајн до 30.11.2020 година на линкот http://bit.ly/predavanja_juli2020
Надоместокот за следење на настанот, за кој што се признаваат 8 часа КПУ за 2020 година, изнесува 2.000,00 денари по лице.
Воедно сакаме да Ве информираме за воспоставување на платформата за он-лајн едукација на проценувачи https://edu.komoranaprocenuvaci.mk. Таму можете да ги одберете обуките кои сакате да ги преземете и да извршите плаќање. Платформата овозможува два типа на плаќање, жирално преку сметка (ќе Ви биде доставена фактура на емаил) или директно со картичка.
По направеното плаќање за сите следни чекори ќе бидете известени на е-маил адресата со која што сте регистрирани.
За дополнителни информации и инструкции може да не контактирате на 072/251-407 и 02/3151-477 или на info@komoranaprocenuvaci.mk
Напомена: За следење на настанот може да се пријават и да добијат по КПУ бодови само лица кои не присуствувале на настанот на 16 и 17 јули 2020 година.