Задачи и цели

Основна цел на постоење на Комората на проценувачи е афирмирање и унапредување на професијата проценувач.

Како основни задачи на Комората согласно Законот за процена е водење на Збирен регистар што претставува книга за евиденција во која се содржани податоците за сите овластени проценувачи на територијата на Р.С. Македонија .

Покрај овој регистар, Комората на проценувачи води и поединечни регистри на проценувачи кои се книги за евиденција во која се содржани податоците за овластените проценувачи од соодветната област.

Комората на проценувачи е единствено надлежна за организација на почетните обуки за проценувач и учествува во организиација и спроведување на стручниот испит за проценувач во соработка со надлежното министерство.

Цели на Комората се:

  • да ги застапува своите членови пред меѓународните и националните институции, заштитувајќи ги нивните професионални права и интереси и помагајќи да се подигне престижот на професијата;
  • да ги регулира принципите на професионалната дејност, преку усвојување на професионален етички кодекс за проценувачите и да врши контрола врз неговата усогласеност за да се создадат, колку што тоа е дозволено во рамките на постојното законодавство, услови за слободен избор на проценувач од страна на клиентите;
  • да подготвува и презентира мислења за усвојување на нови и изменување и дополнување на важечките методологии за процена и други акти поврзани со дејноста на процена;
  • да соработува со сродни професионални организации на европско и меѓународно ниво;
  • да ја следи примената и да презентира на своите членови измените на европските стандарди за процена EVS, како и меѓународните стандарди за процена IVS ;
  • да соработува со акредитирани високообразовни институции за обука на проценувачи со цел организирање обуки за квалификација, за професионална обука, како и континуирано усовршување вклучувајќи обука според европските и меѓународните правила и стандарди;
  • да врши какви било други активности дозволени со законите, вклучително и оние предвидени со статут и во согласност со Законот за процена, со цел заштита и одбрана на јавниот интерес и реномето на своите членови.

Претседател
М-р Валентина Младеновска

Ажурирано на ден 16.04.2024 год.

  1. Почетна
  2. Задачи и цели