Соработка и членство

Комората на проценувачи во рамките на своите надлежности оставарува соработка со повеќе агенции, здруженија, високообразовни институции како и компании кои нудат услуги или кои се поврзани со дејноста процена или можат да допринесат за подигнување на нивото на знаења и вештини кај проценувачите.

Исто така, Комората остварува меѓународна соработка со Европската група на асоцијации на проценувачи TEGOVA со седиште во Брисел и со Меѓународниот совет за стандарди IVSC со седиште во Лондон во кои Комората е долгогодишен член. 

Меморандуми за соработка со домашни субјекти:

  • Агенција за заштита на лични податоци податоци,
  • Aгенција за катастар на недвижности,
  • Институтот на ревизори,
  • Комората на сметководители,
  • Здружение на правници,
  • Семос едукација – едукациски центар за информатичка технологија,
  • ВФП-Друштво за осигурување,
  • Машински факултет при Универзитетот „Кирил и Методиј“
  • Економски факултет при Универзитетот „Кирил и Методиј“
  • Градежен факултет при  Универзитетот „Кирил и Методиј“

Меморандуми за соработка со странски субјекти:

  • Словенечки институт на ревизори
  • ЦИАБ – Комора на независни проценители Бугарија
  • ИОПЦГ- Институтот за овалстени проценувачи на Црна Гора
  1. Почетна
  2. За Комората
  3. Соработка и членство