Информација за Годишно собрание на Комора на проценувачи

Почитувани,

Ве известуваме дека Управниот одбор на Комората на проценувачи на Р. С. Македонија  свикува Годишно собрание што ќе се одржи на ден 03.06.2025 година (вторник) со почеток во 10.30 часот во просториите на Универзитет Скопје – Факултет за туризам на бул. Партизански одреди бр. 99, Скопје – Карпош.

Ги повикуваме сите членови на Комората да присуствуваат на седницата, со цел да учествуваат во носење на одлуките кои не засегаат сите нас кои се занимаваме со оваа професија.

Согласно член 33 став 3 од Законот за процена на Р.С. Македонија, Собранието на Комората се состанува најмалку еднаш годишно и одржува седница ако се присутни најмалку половина од вкупниот број проценувачи. Одлуките ги донесува со мнозинство гласови од присутните проценувачи.

Дневниот ред и материјалите за закажаната седница дополнително ќе бидат поставени на веб страната на Комората во затворениот дел (интранет) во кој имаат пристап само членовите на Комората, за што членовите ќе бидат навремено известени.

 

Со почит,

Во име на Управниот одбор на
Комората на проценувачи
Претседател Ѓорѓе Спировски

Сподели на Facebook
  1. Почетна
  2. Информации
  3. Информација за Годишно собрание на Комора на проценувачи