Годишно генерално собрание на ИВСЦ

Од 9 до 11 октомври 2023 година, во Maison de la Chimie во Париз се одржа Годишното генерално собрание на Меѓународниот совет за стандарди за процена (ИВСЦ) – International Valuation Standards Council (IVSC), на кое присуствуваше Претседателот на Комората на проценувачи, Валентина Младеновска, на покана на  Директорот за стандарди Г-н Alexander Aronsohn.

Претседателот имаше средба со г-дин Nick Talbot, Главниот извршен директор на IVSC, на која се разговараше за актуелната состојба на професијата проценувач кај нас, законските и подзаконските акти. На средбата нашата Комора доби отворена покана за поддршка од страна на ИВСЦ за подобрување на опкружувањето во кое работиме.

За прв пат имавме претставник од Македонија на конференција на која што беа собрани 150 лидери и експерти за процена од сите 5 континенти на продуктивни дискусии и меѓусебно поврзување.

Годишното генерално собрание на IVSC беше клучен годишен настан, на кој се собраа одборите на IVSC, работните групи, доверителите и организациите членки од целиот свет.

За време на тридневната програма, беа разгледани предложените ажурирања на IVSC стандардите поврзани со промените, планирани за објава во јануари 2024 година.

На агендата се разгледуваше и  актуелната тема за „Внимателно конзервативни критериуми (prudently conservative criteria)“,  како што е наведено во барањата на Базел III.

Дискусиите на овој собир овозможија плодна размена на искуства за начините на решавање на отворените прашања и проблеми во различни асоцијации на проценувачи во различни делови од светот.

Сподели на Facebook
  1. Почетна
  2. Информации
  3. Годишно генерално собрание на ИВСЦ