Почитувани членови!
Ве известуваме дека во месец Јуни 2024 година е усвоена и објавена ревидираната Регулатива за капитални барања во Службен весник на Европската унија. Бидејќи е регулатива, не потребно да се имплементира во националното законодавство на земјите од ЕУ и директно стапува на сила на 01.01.2025 година.
Измената е формалност и содржината е иста со онаа со која бевте запознаени и на конфренцијата во Охрид во Мај 2023 и на последните обуки во Јуни 2024 годинa и се однесува на:
- Oтфрлање на предлогот на Европската комисија за продолжување на употребата на самостојни автоматизирани вредносни модели (AVMs) за проценка при создавање и повторна проценка (член 208(3а))
- Вредност на имотот и конзервативни критериуми за процена (член 229(1))
Конечниот текст во член 229(1)(б)(ii) објавен во Службен весник на Европската унија гласи:
„вредноста се прилагодува за да се земе во предвид потенцијалот сегашната пазарна вредност да биде значително над вредноста што би била одржлива за време на траењето на кредитот;“
Оваа измена е значајна за проценувањето, поради тоа што повлекува измена на EVS 2025 EVGN 2, која што се очекува да биде изготвена во следните месеци.
Комората на проценувачи ќе продолжи да ги следи случувањата во однос на оваа значајна измена на Регулативата за капитални барања (Capital Requirements Regulation) и импликациите кои ќе ги има оваа измена врз системот во нашата држава, а кои особено ја тангираат нашата професија.
Во име на Управниот одбор на Комората на проценувачи
Претседател
М-р Валентина Младеновска