Доделени првите РЕВ Сертификати од Комората на проценувачи

Почитувани проценувачи,

Комората на проценувачи Ве известува дека за прв пат беа доделени РЕВ сертификати на 16 проценувачи во Декември 2024 година.

По завршената процедура и одобрениот АМА статус од страна на ТЕГОВА-Европската група на асоцијации на проценували во Мај 2024, Комората на проценувачи спроведе обука за кандидатите кои се пријавија за стекнување на РЕВ сертификатот, по што кандидатите подготвија и бранеа Извештаи за процена изготвени согласно барањата и процедурата дефинирани во ЕВС Стандардите.

Современите текови наметнуваат потреба од поблиска соработка без оглед дали станува збор за инвеститори или финаниски инситуции како корисници на нашите извештаи за процена, кои покрај примента на ЕВС Стандардите бараат и показател за личен квалитет на проценувачот.

Тој показател е РЕВ Сертификатот како индикатор за квалитет на проценувачот, со цел клиентите и корисниците за извештаите за процена во искуството и знаењето на проценувачот.

Порценката на недвижностите бара регионално специјално знање за локалните услови на пазарот и инвеститорите се повеќе бараат да се осигураат дека локалниот проценувач е дел од пошироко признаен стандард на кој тие можат да се потпрат.

Статусот на РЕВ Проценувач и употребата на РЕВ Сертификатот обезбедува Европска гаранција за инвеститорите за баран и признаен стандард на способност и искуство.

Конкурентската предност на РЕВ Проценувачот лежи во нивниот квалитет и способноста да ги толкуваат глобалните и локалните влијанија кое произлегува од нивното познавање на ЕВС Стандардите.

Едноставно кажано РЕВ е знак за квалитет !

Листата на проценувачи кои се стакнаа со РЕВ Сертификат е објавена и на официјaлниот сајт на ТЕГОВА на следниот линк: https://tegova.org/valuers?type=rev&member=KPRSM

Со почит,

М-р Валентина Младеновска

Сподели на Facebook
  1. Почетна
  2. Информации
  3. Доделени првите РЕВ Сертификати од Комората на проценувачи