Работна средба со Агенцијата за катастар

Претседателот на Комората на проценувачи одржа иницијална работна средба на 01.06.2023 година со директорот и со вработени во Агенцијата за катастар.

Целта на средбата беше воспоствување соработка на Комората со Агенцијата за катастар со акцент на можностите на Агенцијата за катастар да одговорат на потребите на проценувачите за  достапност на податоците и информациите од Регистарот на цени и закупнини.

Се дискутираше за начинот на внесување на податоците, нивна контрола, како и за проширување на продуктите и подобрување на нивниот квалитет.

Како резултат од средбата и воспоставената комуникација со Агенцијата, на наше барање ни беше доставен документ со сите привилегии за пристап до податоци и документи, за кои што Агенцијата за катастар има можност да ги дистрибуира до професионалните корисници.

Бидејќи и ние проценувачите, како професионални корисници имаме потреба од податоците и документите од  Агенцијата за катастар, го споделуваме со Вас добиениот документ од Агенцијата за катастар во делот за членови на Комората.

Комората на проценувачи ги очекува сите Ваши предлози и мислења во однос на дополнување на привилегиите кои ги имаат проценувачите при пристапот до податоците и документацијата која што Агенцијата за катастар има можност да ги дистрибуира. 

Ве молиме сите Ваши предлози и мислења да ги доставите на следните маилови:

info@komoranaprocenuvaci.mk

aleksandar.maksimovski@komoranaprocenuvaci.mk

Сподели на Facebook
  1. Почетна
  2. Информации
  3. Работна средба со Агенцијата за катастар