Во насока на постојано вложување во стручно усовршување, Комората на проценувачи на РСМ објавува промоција на стручна литература, со цел проценувачите да бидат во тек со најновите измени и дополнувања на европските и меѓународните стандарди за процена.
Комората ги нуди со намалени цени на повеќе од 50% намалување книгите:
- Меѓународни стандарди за проценување на вредност 2022 (IVSC 2022) по намалена цена од 1.000,00 денари и
- Европски стандарди за процена 2020 (EVS 2020) по намалена цена од 2.000,00 денари.
Стручната литература можете да ја купите со нарачка на емаил на Комората contact@komoranaprocenuvaci.mk, со назнака за која книга сакате да биде изготвена пресметка за плаќање. По извршеното плаќање на фактурата ќе можете да ја подигнете книгата.
Доколку порачате стручна литература и извршите уплата пред одржување на обуките за континуирано усовршување кои ќе се одржат на 13.06.2024 година, купените книги ќе може да ги подигнете на денот на обуките.
Кликни овде за целосна понуда за стручна литература (https://komoranaprocenuvaci.mk/strucna-literatura/)