Почитувани проценувачи!
Ве информирам дека делегација на Комората на проценувачи присуствуваше на Пролетната конференција, како и на редовното годишно собрание на ТЕГОВА. На конференцијата се дискутираше на повеќе теми од кои како поспецифични ги издвојувам презентациите:
- УКРАИНСКИОТ ПАЗАР НА ИМОТ И ВРЕДНУВАЊЕ ПО ДВЕ ГОДИНИ ВОЈНА- претставена од Серхи Фролов РЕВ, претседател на Украинската асоцијација на специјалисти за проценуавње на банките и
- ПАЗАРОТ НА НЕДВИЖНОСТИ И ПРАКТИКА НА ВРЕДНУВАЊЕ ВО ДУБАИ-претставена од Mohamad Khodr Al-Dah Meng CEng FISTRuctE, директор – Оддел за истражување, Сектор за регистрација на недвижности, Оддел за земјиште во Дубаи
Ова беше многу ретка можност да се слушнат искуства од проценувањето во две дијаметрално различни состојби.
Повторно на маса се изнесоа случувањата во легислативата на ЕУ во однос на „внимателно конзервативната вредност“ како и проценувањето на земјоделски насади, па и цели фарми со сето она што го содржи, што станува се поактуелно.
Како многу важна новина е усвојувањето на измените на ЕВС Стандардите за проценување кои ќе бидат објавени кон крајот на оваа година како ЕВС 2025.
Изразувам благодарност до АНЕВАР, асоцијацијата на проценувачи на Романија за нивното пријателство и гостопримство.
Со почит,
М-р Валентина Младеновска
Претседател на Комора на проценувачи