Почитувани проценувачи!
На покана на Нотарската комора присуствував на Нотарските денови кои се одржаа од 14 до 15.10.2023 година во Струга.
Темата за која имав презентација беше:
„Купопродажба на недвижен имот во посебна (скратена) постапка согласно Законот за даноците на имот“
На истата тема свои презентации имаа и претставниците од:
- Нотарска комора,
- Агенција за катастар на недвижности и
- Сектор за даноци на имот на град Скопје.
По излагањата на презентациите се разви богата дискусија во која заеднички ги идентификувавме проблемите поради кои оваа постапка се применува многу ретко и само во одделни места.
Повеќето од причините кои без изнесени од страна на присутните нотари беа од техничка природа или недоволно познавање на постапката од сите страни вклучени во неа.
Нашата комора како нај засегната страна ќе продолжи да работи на афирмирање и промовирање на оваа постапка во интерес на нашата професија.
Со почит,
М-р Валентина Младеновска
Претседател на Комората на проценувачи