Почитувани,
Управниот одбор на Комората на проценувачи Ве известува дека планира да организира континуирани обуки во првата половина на месец јуни 2024 година.
Ве охрабруваме да се пријавите како предавач.
Од Вас како предавач се очекува да одржите кратка презентација од околу најмногу 20 минути, на која можете да презентирате конкретни примери како, некоја Ваша проценка, дел од проценка или некоја ситуација од пракса која Ви предизвикала дилема при вршење на проценката.
Исто така можете да доставите и некоја предлог тема која сметате дека е актуелна.
Вашите пријави за предавачи или Вашите предлог теми, Ве молиме да ги доставите до администрацијата на Комората најдоцна до 15.05.2024 година (среда) на емаил адресите на Комората: info@komoranaprocenuvaci.mk и contact@komoranaprocenuvaci.mk.
Вашите презентации треба да ги доставите до Комората најдоцна до 27.05.2024 година (понеделник).
Со почит,
Во име на Управен одбор на Комората на проценувачи
Претседател М-р Валентина Младеновска