Почитувани!
Во организација на Комората на проценувачи на 24 и 25.11.2023 се одржаа обуки за континуирано професионално усовршување со кои беа опфатени сите области на процена. Благодариме на сите предавачи кои несебично го споделија своето знаење, но и дилеми од праксата и со тоа додадоа дополнителна вредност на нашите обуки. Обуките беа замислени како презентации на практични примери и проблеми со кои се соочуваме како проценувачи во секојдневното работење, со цел да потикнеме меѓусебна дискусија и споделување на искуства и знаења.
Ги очекуваме Вашите мислења, критики и предлози во форма на одговор на анкетата која што Комората Ви ја достави на Вашите маилови и која е целосно анонимна, со цел да бидете слободни во изнесеното.
Ви благодариме однапред за Вашите мислења кои ги очекуваме преку анкетата, за да можеме да ги сумираме и да извлечеме заклучок во која насока да ги планираме теми за следните обуки.Ве молиме одговорите на анкетата да ги доставите најдоцна до 11.12.2023 година.
Со почит!
Во име на Управниот одбор на комората
Претседател М-р Валентина Младеновска